Blog

Проверете дали пиете премногу вода?

by in Животен Стил December 28, 2023

Пиењето доволно вода е апсолутно витално за правилно функционирање на телото. И така е – освен ако не пиете премногу!

Иако повеќето луѓе внимаваат на знаците на дехидрација, прехидратацијата е подеднакво опасна. Пиењето премногу вода може да резултира со водена интоксикација, исто така позната како хипонатремија, предизвикувајќи разредување на течностите во внатрешноста на клетките. Тоа се случува кога во телото се внесува или задржува повеќе течност отколку што бубрезите можат да отстранат. Во тешки случаи, интоксикацијата со вода може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се напади, кома и, во ретки случаи, дури и смрт.

Добрата вест е дека има многу клинички и бихејвиорални знаци кои сугерираат дека можеби сте прехидрирани.

Кај здрава личност, бојата на урината е уреден показател за нивото на хидратација. Бледо жолта урина е добра цел. Потемната урина значи дека ви треба повеќе вода. Безбојна урина значи дека сте прехидрирани

Запомнете дека бубрезите можат да елиминираат не повеќе од 0,8 до 1,0 литри на секој час. За да се избегне прехидртација, важно е да не ги надминувате бубрезите со пиење повеќе вода отколку што можат да елиминираат.

Препорачлив внес за здрав возрасен е околу 9-13 чаши, или 2 до 2.5 литри, вкупно течности дневно, во просек. Но, не повеќе од 1 литар вода на час. Пиењето повеќе од ова може да биде штетно.

Исто така, важно е да се запамети дека потребите за вода варираат во зависност од возраста, полот, климата, нивото на активност и целокупното здравје. Значи, не постои најточна формула колку да се пие, бидејќи ситуации како екстремна топлина, значителна активност и болест со треска ќе бараат повеќе внес на течности од просекот.

RELATED POSTS

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Cart