Наут (слануток) – Бонус! Посен Рецепт: Вариво со Наут и Модар Патлиџан
Наутот (слануток) претставува одличен извор на протеини од растително потекло, витамини и минерали. Порција од 150 грама варени зрна, имаат околу 239 калории и обезбедуваат околу 14 грама протеини, што е споредливо со содржината на протеини во слична храна како грав и леќа.
Дава чувство на ситост и затоа има улога во управувањето со тежината и намалување на апетитот. Наутот ги содржи скоро сите есенцијални амино киселини освен метионин. Доколку сте на веганска исхрана, за да бидете сигурни дека ги внесувате сите аминокиселини, важно е да го комбинирате наутот со други извори на протеини кои содржат метионин (пр. житарки од полно зрно).
Наутот е главен продукт во многу кујни. Најчесто се припрема како вариво, намази како хумус, кари, салати и др. Доколку не сте го пробале во форма на вариво, во продолжение е вкусна идеја за негова припрема.
Вариво со наут и модар патлиџан
Во тава загрејте 15 ml (1 супена лажица), растително масло. Припремете го модриот патлиџан (150 g), кромидот (50 g) и лукот (5 g). Потоа додадете ги доматите (150g), варените зрна наут (150g) и зачинете со: сол, бибер, мелена црвена пиперка, оригано, свеж магдонос. Додате вода (150 ml) и целата смеса динстајте ја кратко на потивок оган.
Нутритивни информации:
Вкупно калории: 451
Масти: 20 g
Заситени масти: 3 g
Транс масти: 0 g
Холестерол: 0 mg
Натриум: 13 mg
Јаглехидрати: 47 g
Влакна: 21 g
Шеќери: 11 g
Протеини: 18 g


