- Одржување на телесна тежина
- Хиперинсулинемија
- Тироидеа
- Намалување на телесна тежинa
Одредување на количествата од групите на храна кои треба да бидат застапени во исхраната и истите се одредуваат индивидуално.
-Калориски адаптирана и количински прилагодена исхрана. Соодветното внесување на калории е од суштинско значење за постигнување и одржување на енергетската рамнотежа кој е баланс помеѓу калориите внесени со храната и потрошените калории од метаболичките процеси и физичката активност.
-Вкупниот број на калории е збир од застапеноста на макроелементите во исхраната. Калориското ниво е индивидуално и зависи од голем број на фактори, вклучувајќи ги: возраста, полот, висината, тежината, нивото на физичка активност и типот на телесната градба.
Како да препознаете дали енергетското ниво е прилагодено?
-Имате зголемено чувство на енергија.
-Не чувствувате глад.
Избор на модел на исхрана зависно од начинот на живот и здравствената состојба, пристапот до здрави избори на храна, подготвеност и способност да се направат промени во однос на исхраната.
Оброци кои даваат чувство на ситост и задоволство од исхраната.
Исхрана богата со нутриенти, соодветна на сезоната и на подневјето во кое живееме.
Во умерени количини, целата храна може да се вклопи во здрава храна!
Хиперинсулинемија значи покачена или висока количина на инсулин во телото.
Инсулинот е хормон произведен од панкреасот кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Не се смета за дијабетес ако е единствениот симптом што се јавува, но често се поврзува и води кон дијабетес тип 2.
Инсулинската резистенција е примарна причина за хиперинсулинемија, бидејќи панкреасот треба да произведува повеќе инсулин. Отпорноста на инсулин од овој тип може да доведе до развој на дијабетес тип 2, кој се јавува кога панкреасот не може да лачи доволно инсулин за да одржи нормална количина на шеќер во крвта.
Во многу поретки случаи, хиперинсулинемија може да биде предизвикана од: инсулом - тумор на клетки кои произведуваат инсулин во панкреасот, како и генетски предиспозиции и фамилијарна историја на хипертензија, т.е. висок крвен притисок.
Може да се случи да нема забележливи симптоми на овој проблем, но некои од можните се: прекумерна желба за слатка храна, невообичаено зголемување на телесната тежина, чест глад, прекумерна глад, проблеми со концентрација, анксиозност или чувство на паника, недостаток на концентрација или амбиција, прекумерен замор, летаргија или недостаток на енергија.
Отпорноста на инсулин, е препознаена како водечки елемент на метаболичниот синдром. Состојбата постои кога нивото на инсулин е повисоко од референтните вредности во однос на нивото на гликоза во крвта, кое може да биде во нормална граница или покачено. Зголемена секреција на инсулин се појавува како компензаторен одговор за да се одржи нормогликемијата. Инсулинската резистенција е поврзана со хиперинсулинемија. Инсулинската резистенција и неправилната секреција на инсулин се главните патогенетски фактори во нарушената толеранција на гликоза и појавата на дијабетес мелитус тип 2. Инсулинската резистенција широко постои во многу патофизиолошки состојби и пред да се појават абнормалности на гликоза во крвта кај пациенти со дијабетес и хиперинсулинемија.
Развојот на дијабетес мелитус тип 2, може да се подели во следниве три фази: фаза на хиперинсулинемија, фаза на преддијабетес во која се јавува нарушена толеранција на гликоза и нарушена гликоза на гладно и фаза на дијабетес.
Во периодот на транзиција од нормална до нарушена толеранција на гликоза, инсулинската резистенција е иницијатор на фазите. Кога бета клетките на панкреасот произведуваат доволно инсулин за компензација, гликозата во крвта се одржува во нормални граници. Исфорсираните бета клетки со тек на времето ја губат способност и не произведуваат доволно инсулин за да се компензира инсулинската резистенција и тогаш нивото на гликоза во крвта започнува да се покачува. Хиперинсулинемија и инсулинска резистенција постојат долго пред да се појави наручена толеранција на гликоза или дијабетес.
Доколку се преземе интервентен третман за време периодот или во претходните фази како што е фазата на хиперинсулинемија, лицата имаат можност да го спречат или да го одложат појавувањето или развојот на дијабетес и неговите компликации.
Чувствителноста на инсулин е клучна функција за човечкото тело бидејќи игра улога во развојот на болести кои станаа многу чести во современото општество и значително влијаат на времетраењето и квалитетот на животот. Неговата важност за здравјето на луѓето произлегува од неговата посредничка улога во голем број на метаболични функции и метаболични регулаторни механизми.
Исхрана при хиперинсулинемија
Добро балансирана исхрана може да помогне подобро да се регулира целокупното функционирање на вашето тело и да се намали вишокот тежина. Исто така, може да помогне во регулирањето на нивото на гликоза и инсулин. Јадењето балансирана исхрана богата со храна богата со хранливи материи е најдоброто средство за намалување и одржување на тежината. Се дава приоритет на јадење храна со низок гликемиски индекс, меѓутоа и уделот на вкупниот внес на јаглехидрати треба да се ограничи и правилно да се распредели во оброците од дневното мени.
Следењето на овој план за исхрана може да помогне во контролата на гликемијата, што може да го подобри одговорот на инсулинот на вашето тело.
Во склоп на практикување здрав животен стил, вклучувањето на секоја физичка активност може да ја подобри чувствителноста на вашето тело на инсулин. Ова ја намалува отпорноста на инсулин, најчеста причина за хиперинсулинемија. Вежбањето исто така може да ја намали дебелината, што може да биде основна причина за оваа состојба кај некои луѓе.
Постојат многу форми на вежбање, од кои секоја има различни придобивки. Но, сите активности можат да помогнат во намалување на висцералните маснотии, постигнување умерена тежина и регулирање на чувствителноста на инсулин.
Тироидната жлезда е мала жлезда во облик на пеперутка сместена во вратот која произведува хормони одговорни за регулирање на различни телесни функции.
Таа е задолжена за метаболизам, производство на енергија и рамнотежа на хормони. Неефикасноста на тироидната жлезда може да доведе до низа здравствени проблеми, вклучувајќи зголемување или губење на тежината, замор и промени во расположението.
Додека лековите често може да бидат неопходни за овие состојби, промените во исхраната и начинот на живот исто така можат да играат клучна улога во поддршката на здравјето на тироидната жлезда и управувањето со симптомите. Исхраната погодна за тироидната жлезда обично вклучува храна богата со хранливи материи која е богата со антиоксиданси, растителни влакна и протеини, додека ја ограничува преработената и богата со шеќер храна која може негативно да влијае на функцијата на тироидната жлезда. Со усвојување на исхрана погодна за тироидната жлезда, лицата со заболувања на тироидната жлезда може да доживеат подобрувања во нивото на енергија, расположението, управувањето со тежината и целокупното здравје.
Тријодотиронин (Т3) и тироксин (Т4) се хормони што ги лачи тироидната жлезда. Како што споменавме погоре, овие хормони се клучни за метаболизмот, растот и развојот на телото и го одржуваат правилното функционирање. Тироидната жлезда синтетизира хормони кои ги контролираат функциите во телото, но кога синтезата е попречена, тоа резултира со заболување на тироидната жлезда. Тоа е заедничко име за неколку болести предизвикани од несоодветна синтеза на тироидните хормони, која првенствено доаѓа во две форми.
Хипертироидизам ако вашето тело лачи прекумерна количина на тироидни хормони. Тоа предизвикува клетките да функционираат со зголемена брзина од вообичаената (преактивна тироидна жлезда). Од друга страна, ако жлездата лачи помалку тироидни хормони од вообичаеното, клетките и органите на телото почнуваат да се деградираат. Познато е како хипотироидизам (неактивна тироидна жлезда).
Исхрана при болести на тироидеа
За болести на тироидната жлезда, здравата исхрана е неопходна. Меѓутоа, бидејќи не постои единствена „диета за тироидната жлезда“, менито за исхрана на тироидната жлезда соодветно се прилагодува. Одредени продукти кои имаат позитивно влијание на состојбата на тироидната жлезда се земаат почесто , а додека оние со негативно влијание се вклучуваат периодично или комплетно ќе бидат исклучени од менито.
Она што го јадете значително влијае на квалитетот на вашиот живот. Не постои единствен пристап за избор на идеална диета. Здравата, добро балансирана исхрана е основа за управување со сите нарушувања во животниот стил, па дури и за контролирање на нивоата на тироидната жлезда, овозможувајќи ви да живеете здрав живот. Сепак, постојат неколку намирници кои можат да ви помогнат да ја одржите вашата функција на тироидната жлезда оптимална, додека други може да го попречат. Продукти кои што треба да бидат вклучени во вашата исхрана се свежо и богато со диететски влакна овошје и зеленчук, житарки без глутен, здрави масти, храна богата со селен, храна со ниска содржина на јод и млечни производи. Прехранбени производи што треба да ги избегнувате во случај на заболувања на тироидната жлезда се кофеин, алкохол, зељест зеленчук и производи на база на соја.
Како вишокот килограми влијае на вашето здравје?
Прекумерната тежина може да го зголеми ризикот од големи здравствени проблеми и да го скрати вашиот животен век. Но, дури и скромното губење на тежината може значително да го подобри вашето здравје. Доколку имате вишок килограми, се соочувате со поголем од просечниот ризик од различни здравствени проблеми и состојби како: срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и одредени видови на рак - како и поретки заболувања како што се гихт, жолчни камења и депресија.
Промената на начинот на кој пристапувате кон губење на тежината може да ви помогне да бидете поуспешни во управувањето со тежината. Повеќето луѓе кои се обидуваат да изгубат тежина се фокусираат само на целта за губење на тежината. Сепак, поставувањето на правилни цели и фокусирањето на промените во животниот стил, како што се следење на здрав и балансиран план за исхрана преку одредување на големината на порциите, како и зголемување на физичката активност се многу поефикасни.
Мојата цел не е само да ја постигнете посакуваната тежина, туки и да се научите како сами да продолжите понатака. Избор на план за исхрана кој ќе биде прилагоден кон вас и прифатлив за следење долгорочно е начин преку кој освен што ќе ја постигнете целта во однос на телесната тежина, ќе имате и вкупни придобивки по вашето здравје и кавлитет на живот.
Калориското ниво за намалување на телесната тежина го одредувам според зададени критериуми за вашата возраст, пол, висина, телесна тежина и ниво на физичка активност. Очекување намалување е од 0.5 до 1 кг неделно кај оние кои имаат помал вишок на телесна маса (треба да намалите 10-15 килограми), а повеќе од 1 кг кај оние кои имаат поголем вишок на телесна маса (треба да намалите15 кг или повеќе).
Здравото и медицинско оправдано намалување на телесната тежина не дозволува телото да влезе во состојба на гладување. Затоа поддржувам намалувањето на телесната тежина да се случува постепено, во континуиран процес од недела во недела, без стагнација.
Подготвени сте за Промени?
Слободно пишете ми и јас ке ве исконтактирам во најкраток можен рок.

