Др. Елеонора

Нешто повеќе за мене

Јас сум Елеонора и сум Магистер по Нутриционизам, со 15 годишно искуство во креирањето и изработувањето на персонализирани програми за исхрана.

Со проучување на науката за храна започнав многу време пред тоа, барајќи решение за себе. Тогаш почнав да ја разбирам улогата што храната ја игра во нашето здравје и на начините на кои таа може да влијае на нашето тело. Љубител сум на вкусни и здрави рецепти од македонската традиционална кујна, што може да се види во моите менија. Фасцинирана од неверојатните резултати и придобивки кои може да ги понуди здравата храна, кога се консумира во правилни количества и балансирани оброци, како и желбата да го споделам моето знаење и искуство со вас, на  вашиот пат кон поздрав и посреќен живот.

Програмите за исхрана се воедно и прoмовирање и поддршка на здравите обрасци за јадење, нагласувајќи ја разновидната исхрана, богата со хранливи материи и во соодветно количество, со цел да се подобри вкупното здравје и да се постигнат индувидуализирани цели.

При креирањето на план за исхрана ги земам предвид вашите досегашни навики и потреби и ги прилагодувам на според стручните упатства и вашата здравствена состојба. Ваквиот план на исхрана е прилагоден на вас и напишан поединечно само за вас. Доколку вашата здравствена состојба не бара различен распоред на оброци, планот за оброци најчесто се прави врз основа на 4-5 оброци дневно, доручек, ужина, ручек, (ужина) и вечера.

Образование
  • Докторски студии по иновативни технологии за храна и нутриционизам. Универзитет “Св. Климент Охридски”- Битола, Технолошко-технички факултет- Велес
  • Магистер по нутриционизам – Постдипломски студии по нутриционизам. Универзитет “Св.Климент Охридски”- Битола, Технолошко-технички факултет- Велес
  • Доктор на стоматологија- Стоматолошки факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”- Скопје
Работна позиција
  • Асистент по Нутриционизам и технологија на храна- Универзитет “Св. Климент Охридски”-Битола, Технолошко-технички факултет- Велес
  • Нутриционист- Центар за тироидеа и дијабетес, ПЗУ Е-Медикал- Скопје

ОД КЛИЕНТИТЕ

    Cart