земете здравје од природата
Избрани Рецепти за Здрави Оброци
Вкусот и изгледот на храната ми се многу важни и според тоа се водам кога пишувам рецепти за вашите индивидуални менија. Важно ми е да научите како да подготвувате рецепти од менито, кои се предностите на одредени видови храна и процесот на подготовка на истата, важно е да уживате во храната што ја внесувате во вашето тело, како и во подготовката на оброците за себе. Свесна сум за денешниот предизвик со недостаток на време и се трудам моите рецепти да бидат брзи и лесни за подготовка, но секогаш внимавам да бидат вкусни и нутритивно избалансирани со продукти пред се од нашето поднебје.









