Затегната Кожа, Силни Коски и Флексибилни Зглобови – Колаген
Колагенот е структурен протеин, кој е најзастапениот протеин во човечкото тело, делува како градежен материјал кој ги одржува сврзните ткива еластични и силни, со цел да се спречи кршливоста, зглобовите подвижни, ноктите и косата здрави и помалку подложни на оштетување, а кожата цврста и ја намалува појавата на брчки. Го подобрува здравјето на цревата и може да помогне во лекувањето на артритис и намалувањето на болката или вкочанетоста. Исто така помага во заздравувањето на раните и зголемување на мускулната маса.
По триесетата година производството на колаген во телото се забавува, затоа можете природно да ја зголемите неговата синтезата со консумирање два типа на храна:
- Храна која е природен извор на колаген
Рибите и школките се сметаат за одличен извор, бидејќи колагенот од нив се апсорбира до 1,5 пати поефикасно во споредба со другите извори. Во односн ана нутритивните информации, 100 g морска риба, приближно содржи 23.2 g протеини, 13 g калциум, 46 mg магнезиум, 220 mg фосфор и 548 mg калиум.
Различни видови на месо, особено изворите на месо кои вклучуваат коски и/или сврзно ткиво се особено богати со колаген бидејќи тој е главната компонента на споменатите ткива. Животинските коски се природен извор и на желатин, кој сам по себе е преполн со колаген.
Во однос на нутритивните информации, една чинија супа од коски (пр. пилешка или телешка), приближно содржи 9 g протеини, 40 mg калциум, до 4,8 mg магнезиум, до 19 mg фосфор, колаген, глукозамин, хондроитин, амино киселини и многу други хранливи материи.
Спирулината содржи повеќе од 60 проценти амино киселини, кои се градежните блокови на колагенот. Затоа, сино-зелените микроалги кои се наоѓаат и во слатките и во морските води се одличен извор.
Коријандерот кој се користи како зачин за многу јадења, содржи линоленска киселина, а антиоксидансите во неговиот состав се борат против слободните радикали и помага во одржување на здрави клетки на кожата.
- Храна која содржи хранливи материи кои учествуваат во промовирање на производството на колаген
Друг начин да се зголеми производството на колаген е да се јаде храна со специфични хранливи материи, како бакар, цинк и витамин C, кои ја зголемуваат синтезата на колаген.
Витаминот C, игра голема улога во производството на про-колаген, претходник на колагенот на телото. Затоа, внесувањето доволно витамин C, е неопходно.
Природни извори се цитрусните и бобичестите овошки, јатките и семките, темно-лиснатиот зеленчук, авокадото, доматите, морковите, тиквата, пиперките и др. Така, еден портокал содржи приближно 81.9 mg витамин C, 100 g малини содржат приближно 26.2 mg, боровинките содржат 9.7 mg, а капините 21 mg витамин C.
Белки од јајца – иако јајцата не содржат сврзно ткиво како многу други животински производи, белките имаат големи количини на пролин, една од амино киселините неопходни за производство на колаген. За пример, 100 g белки, обезбедуваат приближно 10,9 g протеини, 7 mg калциум, 11 mg магнезиум, 15 mg фосфор и 163 mg калиум. Лукот може да го зајакне и производството на колаген, богат е со сулфур, минерал во трагови кој помага во синтетизирање и спречување на разградувањето на колагенот.


