Здрава и Блескава Кожа!
Нашата исхрана e поврзано со здравјето на нашата кожа, хранливите материи, минералите и протеините кои се наоѓаат во храната го поддржуваат производството на колаген, здравите клеточни мембрани и ја штитат кожата од штетните надворешни фактори. Убавата, блескава кожа започнува со начинот на кој живееме и се храниме, но овие намирници и различни состојки исто така можат да и помогнат на вашата кожа додека стареете:
- Јадете и користете здрави масти и масла
Омега-3 масните киселини се особено важни за оние кои сакаат да ги спречат фините линии и брчките. Омега-3 масните киселини го намалуваат воспалението што може да доведе до појава на брчки и го спречуваат разградувањето на колагенот. Добри извори на овие масти се масните риби, оревите и лененото семе. Ладноцеденото маслиново масло е богато со антиоксиданси, како токоферол и бета каротен и има фенолни компоненти со анти-инфаламаторни карактеристики.
Авокадото е богато со стеролини, кои помагаат во омекнување и навлажнување на кожата. Содржи и витамин Е, кој го подобрува производството на колаген на кожата и помага да се одржи влажноста. Во студија за козметичка дерматологија докажува жените кои јаделе авокадо секој ден, во период од осум недели имале зголемена еластичност и цврстина на кожата.
- Задоволете ги дневните потреби од протеини
Покрај рибата, јајцата, пилешкото и мисиркиното месо, еден од најдобрите извори на протеини е црвеното месо. Црвеното месо ги содржи амино киселините глицин и пролин. Содржи и цинк. Тоа се клучните компонентите вклучени во синтезата на колаген.
Но, бидејќи црвеното месо е богато со заситени масти , треба внимателно да избирате црвено месо кое е без маснотии и непреработено.
- Внесувајте доволно антиоксиданси
Антиоксидансите се молекули кои помагаат да се спречи оштетување на клетките со неутрализирање на слободните радикали, кои се нуспроизводи штетни за ткивните клетки. Дознајте која храна може да и помогне на вашата кожа да изгледа помлада, посвежа, посветла и успорете го нејзиното стареење. Храната богата со антиоксидантните каротеноиди може да промовира помлад изглед на кожата. Каротеноидите се природни пигменти кои се наоѓаат во многу овошја, зеленчук и печурките, исто така функционираат како антиоксиданси кои можат да го минимизираат оштетувањето од слободните радикали и оксидативниот стрес.
Боровинките, малините и капините, како и калинките, се богати со антиоксиданси погодни за кожата. Доматите се богати со антиоксиданс ликопен, за кој е докажано дека се бори против изгорениците и оштетувањето од сонцето што може да доведе до стерење и рак на кожата.
- Пијте доволно вода
Водата е добра за вашата кожа, но не мора да се внесуваат форсирани количества. Целта е постојано да бидете хидрирани. Консумирате и доволно течности без кофеин, како што се супи, сокови и билни чаеви, за да избегнете дехидратација.
- Вртете го часовникот назад со растителните влакна
Растителните влакната во секојдневната исхрана помагаат да се отстранат токсините и слободните радикали – клучни фактори за стареење – од телото, добрите извори на влакна вклучуваат храна како мешунките (грав грашок, леќа), овесна каша, наут и овошје и зеленчук.
Бадемите се одличен извор на здрави масти и растителни влакна. Со секојдневно консумирање на овие јаткасти плодови може да ги намали брчките на лицето и пигментацијата на кожата.
- Консумирајте ферментирна храна
Пробиотиците имаат позитивно влијание врз здравјето на кожата. Ферментирана храна која е богата со пробиотици вклучува: јогурт, кефир, комбуха, кисела зелка, кисели краставички, јаболков оцет и др. Освен подобрување на здравјето на цревата и намалување на воспалението, пробиотиците можат да помогнат да се намали појавата на фини линии и брчки, како и да се подобри хидратацијата и еластичноста на кожата.
- Избегнувајте рафинирани јаглехидрати
Шеќерот и рафинираните јаглехидрати, како што се газираните сокови, белиот леб и пецивата, можат да придонесат за предвремени брчки и стареење на кожата,
Конзумирањето на големи количини шеќер и рафинирани јаглехидрати може директно да ѝ наштети на еластичноста на кожата бидејќи овие намирници предизвикуваат воспаление и придонесуваат за разградување на колагенот и еластичните влакна. Наместо нив, избирајте ги полнозрнестите житарки и консумирајте храна засладена со мед или други природни засладувачи


