Blog

Бадемите: Мали Плодови, Голема Моќ

by in Здрава Храна October 13, 2024

Бадемите се познати како едни од најздравите јаткасти плодови, кои се преполни со хранливи материи и имаат бројни здравствени придобивки. Тие се богати со витамин Е, антиоксиданси, здрави масти и протеини. За најдобри резултати, препорачаните дневни количества се движат од 30 до 50 g на ден.

Придобивки од консумирање бадеми

  1. Го подобруваат здравјето на срцето – Поради содржината на здрави масти во составот, бадемите можат да помогнат во намалувањето на нивото на “лошиот” ЛДЛ холестерол и во зголемувањето на “добриот” ХДЛ холестерол, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања.
  2. Регулирање на крвниот притисок – Бадемите содржат магнезиум, кој може да помогне во релаксирање на крвните садови и во одржување на нормален крвен притисок.
  3. Подобрување на функцијата на мозокот – Витаминот Е и антиоксидантите во бадемите го поддржуваат здравјето на мозокот, помагајќи во заштита од дегенеративни болести.
  4. Поддршка за контрола на телесната тежина – Иако се високо калорични плодови (579kcal/100g), бадемите можат да помогнат во контрола на телесната тежината, бидејќи допринесуваат за чувство на ситост.

Како да направите домашно бадемово млеко

Бадемовото млеко, може да биде алтернатива за кравјото млеко, особено за оние кои се нетолерантни на лактоза или консумираат растителна исхрана.

Потребни состојки:

  • 1 шолја сурови бадеми (потопени преку ноќ)
  • 4 шолји вода
  • Малку мед или засладувач по желба
  • Ванила (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги потопените бадемите и ставете ги во блендер.
  2. Додајте ги 4-те шолји вода и изблендирајте околу 2-3 минути додека не добиете кремаста течност.
  3. Процедете ја смесата низ газа или цедалка, притискајќи ги остатоците за да извлечете што е можно повеќе течност.
  4. Додајте мед или засладувач според вкус и ванила за дополнителен вкус.
  5. Складирајте го млекото во стаклено шише и чувајте го во фрижидер до 4-5 дена.

Заклучок Бадемите се фантастичен избор за сите кои сакаат да го подобрат своето здравје на природен начин. Земени самостојно или како  додаток различни рецепти, ги прават совршени за секојдневна консумација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Cart