Blog – Full Width

Количеството е Клуч – Не Постои Храна за Слабеење

by July 7, 2025

 Во морето на совети за здрава исхрана и слабеење, често се среќаваме со митови: „ова дебелее“, „ова слабеe“, „не јади тоа ако сакаш да ослабеш“. Но, вистината е дека ниту една храна сама по себе не предизвикува зголемување или намалување на телесната тежина. Она што навистина прави разлика е количеството и контекстот во кој таа храна се консумира.

Народен и научно потврден лек: Масло од црно семе

by June 12, 2025

Маслото од црно семе, добиено од семките на растението Nigella sativa се користи во традиционалната медицина повеќе од 2.000 години. Современата наука потврдува многу од неговите благотворни својства и продолжува да се користи и во модерната ера за лекување на широк спектар на состојби и болести. Категоризирано е како функционално масло, бидејќи содржи моќни антиоксиданси, поседува антивоспалително дејство и својства кои го зајакнуваат имунитетот. Дополнително покажува различни биолошки активности, вклучувајќи антифунгални и антибактериски потенцијали. Семките од Nigella sativa имаат лут и горчлив вкус, а маслото има специфична арома кои можат да го направат производот неприфатлив, доколку се употребат во повисоки концентрации.

Зголемување Содржина на Отпорен или Резистентен Скроб во Скробната Храна

by November 24, 2024

Скробот е природен полимер што се наоѓа во сите органи на растенијата и претставува една од главните форми на јаглехидрати во исхраната. Изграден е од голем број на моносахариди или молекули на шеќер (гликоза), кои се меѓусебно поврзани и формираат скробни гранули. Тој е главен јаглехидрат за складирање и е втор најзастапен полисахарид веднаш по целулозата. Скробот е присутен во форма на гранули во ендоспермот од житарките и мешунките, туберите (сладок компир и компир), незрелите плодови (банана и манго) и многу други растителни органи кои служат како резерва на енергија. Содржината на скроб варира помеѓу растителните видови како и помеѓу сортите од истиот вид.

Бадемите: Мали Плодови, Голема Моќ

by October 13, 2024

Бадемите се познати како едни од најздравите јаткасти плодови, кои се преполни со хранливи материи и имаат бројни здравствени придобивки. Тие се богати со витамин Е, антиоксиданси, здрави масти и протеини. За најдобри резултати, препорачаните дневни количества се движат од 30 до 50 g на ден.

Жалфија

by September 22, 2024

Жалфијата (Salvia officinalis), се смета за една од најлековитите растенија во светот.  Името Salvia потекнува од латинскиот збор salvare, што значи спасување или лекување, а тоа веќе зборува за важноста која и се дава уште во времето на старите Римјани, кои  ја користеле за лекување. Лековитите својства на жалфија, иако многубројни, сè уште не се во целост истражени. Она што ја прави особено ценета се антибактериските, антимикробните, антисептичките и антимикотичните својства.

Јаглехидрати пред или после тренинг?!

by July 20, 2024

Важноста на јаглехидратите во исхраната кај спортистите и оние кои практикуваат тренинзи со отпор или издржливост, често  е предмет на подвоени мислења дали треба да се консумираат или не? И доколку треба, кога, колку и каков вид на јаглехидрати се потребни пред, за време и после физичката активност? Низ овој текст прочитајте за нивната улога, вид и потребно количество, доколку имате цели да  зголемите мускулна маса или да намалите телесна тежина.

Subscribe to our newsletter

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Proin porttitor nisl nec ex consectetur, quis ornare sem molestie. Sed suscipit sollicitudin nulla tempor congue. Integer sed elementum odio.

      Cart