Народен и научно потврден лек: Масло од црно семе
Маслото од црно семе, добиено од семките на растението Nigella sativa се користи во традиционалната медицина повеќе од 2.000 години. Современата наука потврдува многу од неговите благотворни својства и продолжува да се користи и во модерната ера за лекување на широк спектар на состојби и болести. Категоризирано е како функционално масло, бидејќи содржи моќни антиоксиданси, поседува антивоспалително дејство и својства кои го зајакнуваат имунитетот. Дополнително покажува различни биолошки активности, вклучувајќи антифунгални и антибактериски потенцијали. Семките од Nigella sativa имаат лут и горчлив вкус, а маслото има специфична арома кои можат да го направат производот неприфатлив, доколку се употребат во повисоки концентрации.
Главната активна состојкa e тимокинон (ТQ) и неговите деривати, како што се карвакрол, 4-терпинеол, α-пинен, тимол, т-анетол, тимохидрохинон (THQ), дитимохинон, p-цимен, сесквитерпен и неколку други соединенија од фамилијата на терпени и терпеноиди, кои имаат различни терапевтски предности.
Поради широката палета на биолошки и фармаколошки својства, црното семе се вбројува меѓу најчесто користените хербални лекови.
Кои се главните придобивки?
- Моќен антиоксиданс и заштита од воспаленија
Истражувањата покажуваат дека тимокинонот делува како природен антиоксиданс, помагајќи да се намалат воспалителните процеси во телото (артритис, алергии или кожни иритации) и да се заштитат клетките од оксидативен стрес.
- Зајакнување на имунитетот
Редовната употреба на ова масло може да го поддржи имунолошкиот одговор, особено кај луѓе изложени на хроничен замор или чести инфекции.
- Регулација на шеќер и масти во крвта
Клиничките испитувања покажуваат дека маслото од црно семе може да помогне во намалување на нивото на шеќер во крвта кај лица со тип 2 дијабетес, како и на LDL холестеролот.
- Здравје на кожата и косата
Маслото има антибактериски и навлажнувачки својства – често се користи кај акни, егзема, псоријаза и опаѓање на косата.
- Подобрување на дигестијата
Помага при гасови, надуеност, грчеви и може да ја подобри цревната функција.
- Баланс на хормони
Некои истражувања покажуваат позитивно влијание врз ПМС, хормонален дисбаланс и фертилитет (особено кај мажи).
Како да го користите?
Орално: 1 кафена лажичка дневно, по можност на празен стомак.
Локално: директно на кожа или коса (по можност разредено со базно масло, како масло од јојоба или бадем). Во исхраната: маслото од црно семе најдобро се користи во свежа форма – како додаток во салати, сосови или смути. Не се препорачува термичка обработка, бидејќи високата температура ги уништува неговите корисни состојки.


