Дали Цезар салатата е добра за намалување на тежината?
Кога станува збор за здравата исхрана и слабеење, салатите се практично пример за ова. Репутацијата на салатите во насока на слабеење е толку голема што речиси секој што сака да намали вишок килограми автоматски почнува да внесува повеќе зеленчук и овошје. Меѓутоа, дали сите салати се добри за слабеење или погрешно сме информирани? Одговорот може да биде и да и не.
Оригиналната Цезар салата и не е толку здрава како што претпоставуваме – поради сирењето и преливот со висока содржина на натриум и масленост. Овие две работи (особено преливот) додаваат многу непотребни масти и празни калории и навидум здравата салата ја претвараат во висококалоричен оброк кој може да достигне и до 800 или повеќе калории.
Затоа, доколку сакате да направите поздрава и помалку калорична Цезар салата, ви предлагам рецепт кој вообичаено го вклучувам во менијата за намалување на телесната тежина и во кој е заменет оригиналниот прелив со поздрава домашна верзија за да ја имитирате кремстата текстура.
Рецепт:
Бело месо, пилешко или мискиркино 150 g, припремено со додадок на 5 ml масло.
Околу 150 g свеж зеленчук: марула, рукола, домати. Препечен леб, двопек 15 g.
Преливот припремете го од следните состојки и зачини: сенф 10 g, Грчки јогурт со 2% на масленост 100 g, Сирење, пармезан (дробен) 10 g, ладно цедено маслиново масло 5 ml, сол, бибер, оригано, кари, лук, свеж или во прав и лимонов сок.
Нутритивни информации:
Вкупно калории: 438
Масти: 20g
Заситени масти: 5g
Транс масти: 0 g
Холестерол: 105 mg
Натриум: 432 mg
Јаглехидрати: 25 g
Растителни влакна: 2 g
Шеќери: 10 g
Протеини: 42 g


