Blog

Моќта на биоактивните пептиди во ферментираните млечни производи

by in Здрава Храна June 24, 2024

Иако концептот на пробиотик се прошири неодамна, ние внесуваме корисни микрорганизми со традиционална ферментирана храна од античко време. Ферментираната храна е главниот извор на пробиотици, а млечните производи (посебните ферментирани млека и јогурт) се убедливо најефикасни и најкористени. Бактериите на млечна киселина, се користат за ферментација на храна најмалку 4.000 години. Историјата на ферментираното млеко датира од 10.000 п.н.е., со докази дека млекото од камили, говеда, овци и кози било зачувувано преку ферментација.

Ферментацијата на млекото е процес на додавање живи бактериски култури во млекото, дополнително додавањето на природни антиоксиданси и пробиотици може да биде најдобра алтернатива за проширување на функционалностите на млекото. Меѓу различните пробиотици, бактериите на млечна киселина и некои видови на Bifidobacteria и нивните метаболити  (парапробиотици и постбиотици), се видови кои генерално се сметаат за толерантни на топлина, високо протеолитични и пептидолитични кон млечните протеини и ослободуваат помали молекули на биоактивни пептиди за време на ферментација и други процеси кои го стимулираат ензимот лактаза кој го помага варењето на млечниот карбохидрат – лактоза.

Јогуртот генерално е култивиран млечен производ направен со помош на Streptococcus thermophilus и Lactobacillus delbrueckii subsp bulgaricus. Микроорганизмите мора да бидат живи и изобилни (содржина од најмалку 107 cfu/g).

Генерално, млечните производи треба да содржат, ≥106 CFU пробиотски бактерии на милилитар или грам пробиотски производи за да бидат ефективни во времето на консумирање и треба да се консумира редовно.

Кефирот обезбедува корисни бактерии со пробиотски ефекти. Бактериите во кефирот го регулираат варењето, го зајакнуваат имунолошкиот систем и имаат антиинфламаторни својства. Помага во варењето на лактозата, ја регенерира цревната слузница за подобра апсорпција на хранливи материи и ги намалува ризиците од алергија и астма, што го прави корисен за целовкупната гастроинтестинална благосостојба.

Сирењето е ферментиран млечен производ, богат со хранливи материи кој широко се консумира низ светот. Сепак, здравствените ефекти од консумацијата на сирење остануваат подвоени. Од една страна, сирењето е богат извор на висококвалитетни протеини (главно казеин), липиди, минерали (калциум, фосфор и магнезиум), витамини (А, К2, Б2, Б12 и фолна киселина), пробиотици и биоактивни пептиди, кои можат да обезбедат различни здравствени придобивки. Од друга страна, сирењето содржи релативно висока содржина на заситени масти и сол, кои се сметаат за неповолни диететски компоненти за кардиоваскуларното здравје.

Ферментираните млечни производи како што се јогуртот, кефирот и одредени сирења се богати извори на биоактивни пептиди. Биоактивни пептиди се кратки синџири на амино киселини со специфични својства за промовирање на здравјето. Кога овие пептиди се произведуваат за време на процесот на ферментација на млечните производи, можат да имаат низа корисни ефекти врз здравјето на луѓето.

Некои од документираните здравствени придобивки од биоактивни пептиди од ферментирани млечни производи вклучуваат антиинфламаторни својства, антиоксидантна активност, регулација на крвниот притисок, ефекти за намалување на холестеролот и модулација на имунолошкиот систем. Овие пептиди, исто така, имаат антимикробни и антиканцерогени својства.

Биоактивните пептиди од ферментирани млечни производи покажуваат потенцијал за борба против дијабетес. Некои истражувања покажуваат дека овие пептиди можат да имаат позитивен ефект врз регулирање на нивото на глукоза во крвта и подобрување на инсулинската резистентност. Тие исто така можат да помогнат во заштитата на панкреасните клетки, кои се одговорни за производството на инсулин.

Освен тоа, можат да имаат и други корисни ефекти за луѓето со дијабетес, како што се подобрување на функцијата на крвните садови, заштита од оксидативни повреди и намалување на воспалителните состојби. Сите овие својства можат да помогнат во контролирање на дијабетесот и неговите компликации.

Според водичите за исхрана, ферментираните млечни производи се препорачуваат  како дел од дневниот внес на млечни производи. Типична препорака е да се консумираат три порции млечни производи дневно (јогурт, кефир, кисело млеко и одредени сирења). Со нагласување, да се избираат опции со помалку маснотии за да се намали внесот на  заситените масти. За една порција, се смета количество од  1 чаша (240 ml), за јогурт и кефир и  до 42 g, за сирење. Редовното консумирање на ферментирани млечни производи може да помогне да се подобри здравјето на цревата, да се зајакне имунолошкиот функција и да се намали ризикот од хронични болести како што се кардиоваскуларни болести и одредени видови на рак. Според тоа, вклучувањето на овие производи во урамнотежена исхрана може да биде ефикасен начин за промовирање на целокупното здравје и благосостојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Cart