Индиските ореви се со ниска содржина на шеќер и богати со растителни влакна – два фактори кои, кога се комбинираат, може да помогнат да се намали нивото на шеќер во крвта и да се превенира развојот на дијабетес тип 2.
Индиските ореви се богат извор на незаситени масти – категорија на масти поврзани со помал ризик од прерана смрт и срцеви заболувања.
Содржат речиси иста количина на протеини како и еквивалентно количество на варено месо.
Освен тоа имаат и значително количество бакар, магнезиум и манган – хранливи материи важни за мозокот, имунитетот и коските.
Јаткастите плодови и семките се сметаат за моќни антиоксиданси, а индиските ореви не се исклучок. Тие содржат две две групи на антиосиданси: полифеноли и каротеноиди.
Крем од индиски ореви
Измерете 100 гр сирови индиски ореви и прелијте ги со врела вода.
Оставте ги да одстојат два до два и пол часа.
Потоа процедете ги и блендирајте ги со додаток на: сол, бибер, лук, ким, јаболков оцет (2 супени лажици) и сенф (2 кафени лажици).
По потреба додадете малку вода (2 супени лажици).
Припремиениот намаз има кремаста текстура и чуван во фрижидер може да се употребува до 5 дена. Користете го како намаз, дресинг за салати, додаток со печен или варен зеленчук, додаток во супи и сл.