Blog

Застапеност на Јаглехидратите во Диета за Намалување на Телесна Тежина

by in Uncategorized April 13, 2024

Јаглехидратите се главниот извор на енергија во телото. Тие се од суштинско значење за добро здравје и правилно функционирање на органите. Губењето на тежината се случува кога едно лице постојано троши повеќе калории отколку што внесува со текот на времето, а оваа врска е поважна од исклучувањето на одредени групи на храна.

Меѓутоа, ако внесувате многу повеќе калории дневно отколку што согорувате, тогаш да, вишокот калории од јаглехидрати ќе се депонира во масти. Дополнително, ако се консумираат премногу калории од едноставни шеќери како сахароза и фруктоза (слатки газирани пијалаци засладени со шеќер и сирупи), тогаш телото полесно ќе земе дел од тие шеќери и ќе ги претвори во триглицериди (масти) во црниот дроб.

Диетите со малку јаглехидрати вклучуваат ограничување на јаглехидратите во исхраната, при тоа се внесуваат поголеми количини на протеини и масти. Диетите со малку јаглехидрати, може да се безбедни за повеќето луѓе кои се во добро здравје.

Но, сепак потребни се околу 130 грама јаглехидрати дневно, за мозок и нервниот систем  функционираат соодветно.

Јаглехидратите содржат 4 калории по грам. Тоа значи, ако следите диета од 2.000 калории и сте во добро здравје, потребни се 225 до 325 грама јаглехидрати во вашата дневна исхрана.

Што се случува со вишокот калории кои доаѓаат од јаглехидратите?

Одговорот зависи од неколку работи: какви јаглехидрати се консумират и количината на дополнителни калории. За оние кои имаат балансирана исхрана и немаат метаболички нарушувања, вишокот на јаглехидрати од исхраната се претвора во сложени синџири на гликоза наречени гликоген. Гликогенот се складира во клетките на црниот дроб и мускулите и е секундарен извор на енергија. Телото обично има нивоа на гликоза во крвта што може да ги одржи сите клеточни процеси три до четири часа – ако нема внес на храна, во таа временска рамка, телото ќе почне да го разградува гликогенот што е складиран.

Колку јаглехидрати треба да се внесуваат доколку целта е намалување на телесната тежина?

Балансиран план за исхрана,  со умерен калориски дефицит, поддржан со одредено ниво на физичка активност е најдобрата опција за долгорочно и одржливо губење на тежината. Според препораките соодносот на енергија која потекнува од макронутриентите треба да биде распределена на следниот начин:

45–65%  од Јаглехидрати

10-30%  од Протеини

20-35% од Масти

Енергетските потреби на една личност се разликуваат и зависат од полот, возраста, висината, тежината, нивото на физичка активност, начинот на живот и здравствената состојба. Затоа планот за исхрана кој функционира  кај една личност,  нема да биде ефикасен и кај друга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Cart