Blog

Протеините во исхраната при зголемување на мускулната маса

by in Здрава Храна May 19, 2024

Протеините се најзастапените биолошки макромолекули, кои се наоѓаат во сите клетки и во сите делови на клетките. Протеинте  се главна компонента на протоплазмата, која е основа на животот. Се состојат од аминокиселини поврзани со пептидни врски. Протеините вршат голем број на функции во организмот, вклучително и катализирање на метаболичките реакции, репликација на ДНК, обезбедување структура на клетките и органите и транспортирање на молекули од една локација на друга.

Протеините се клучни при зголемување на мускулната маса. Еве неколку важни аспекти:

1.         Комбинацијата од адекватен внес на протеини и вежби со отпор е најефикасната стратегија за промовирање на хипертрофија и ремоделирање на скелетните мускули.  Протеините внесени од храната,  треба најнапред да се дигестираат и од аминокиселините присутни во нив да се синтетизираат протеините на скелетните мускули. Целта на овој процес е да  да се надокнади мускулниот протеин што се губи во периодите помеѓу оброците или кога нема внес на храна.

2.         Дневни потреби: за зголемување на мускулната маса, потребно е да биде задоволен дневниот протеински внес. Во зависност од нивото на физичка активност, целите и тежината, препорачаната дневна количина може да варира од 1.2 до 2.2 грама протеини на килограм телесна маса.

3.         Време на внес: мускулните клетки имаа најголем апсорбирачкиот потенцијал на  хранливи материи, вклучително и протеини,  во време од околу еден час после тренингот. Затоа и тоа е периодот за најефикасна искористеност на внесените протеини.

4.         Извори на протеини: протеините треба да бидат од животинско или растително потекло. Двата типа протеини имаат свои предности и недостатоци. Извори од двата типа да бидат вклучени во исхраната, како дел од балансираниот начин на исхрана.

4.1. Богати извори на животински протеини вклучуваат:  црвеното и белото месо, риба, јајца, јогурт и др. Животинските протеини ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини, што ги прави “комплетни” протеини. Овие протеини се богати со витамин B12 и железо од типот хем-железо, кое се апсорбира подобро од не-хем железото во растителните извори.

4.2. Растителни извори на протеини вклучуваат: грав, грашок, леќа, тофу, наут, јаткасти плодови, полнозрнести житарки и др. Растителните протеини се често се сметаат за “некомплетни”, бидејќи некои од нив не содржат сите есенцијални аминокиселини. Но, со комбинација и вклучување на повеќе извори од растителните протеини во исхраната, може да се задоволат сите есенцијални аминокиселини.

Заклучок Протеините се важни за одржување и зголемување на мускулната маса, како и за општото здравје на организмот.  Консултирајте се со Вашиот лекар или диететичар за најдобрите практики за внесување на протеини во Вашата исхрана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

    Cart