Печени Ќофтиња од Тиквичка
Home » Печени Ќофтиња од Тиквичка
- Начин на подготовка
Начин на подготовка
За подготовка на овој рецепт ќе ви бидне потребно
Состојки:
Тиквичка 300g
Кромид 30g
Сирење (фета) 30g
- 1 Јajце
- Презла 15g
Зачини:
Свеж магдонос, Сол, Бибер
Начин на подготовка:
Предвиденото количество тиквичка се ренда со кора, и се посолува. Се остава да одстои и се одстранува испуштената вода. Се прави смеса со останатите состојки. Распределете ја на хартија за печење, премачкана со една кафена лажица масло. Печете ги во загреана рерна, со превртување од двете страни во тек на печењето.
Оброкот дополнете го со свежа салата или таратор.
Добар Апетит 🙂
| Нутритивни вредности: | |
| Калории | 322 |
| Масти | 18 g |
| ------Заситени масти | 6 g |
| ------Транс масти | 0 g |
| Холестерол | 242 mg |
| Сол | 227 mg |
| Јаглехидрати | 24 g |
| ------Влакна | 4 g |
| ------Шеќери | 10 g |
| Протеини | 18 g |

